Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со финансиски средства обезбедени од општинскиот буџет, синоќа во доцните вечерни и раните утрински часови на целата територија на општина Неготино се спроведе дезинсекција преку прскање против комарци. Прскањето се одвиваше од земја со користење на препаратот „аквакотрин“- еден од најефикасните за уништување на комарците и започна околу 22,00 часот со тоа што на почетокот беа опфатени периферните делови од општината, а по полноќ кога и раздвиженоста е помала,  се прскаше во централното градско подрачје и останатите делови од Неготино.

Close Search Window