Неготино доби ново детско катче како за најмалите, така и за нивните родители. Со вкупна инвестиција од 13.385.920 ден, Неготино доби нов модерен “Парк 8 Ноември “. Изградени се 3 посебни влезови, пешачки патеки со бекатон , модерни канделабри, клупи за одмор, корпи за отпадоци, скалници, летниковци, чешми за пиење вода, шах маси, лулашки, клацкалки . Изведбата на проектот ја следи природната конфигурација на теренот, останува уште хортикултурното уредување. Изведбата на проектот е финансирана од Министерство за Транспорт, преку јавен повик на Влада на Република Македонија.


