Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Неготино е една од новите генерации општини кои го отвораат патот кон потранспарентно, отворено и отчетно локално управување преку платформата #мЗаедница која им се овозможува на граѓаните преку проектот #ДИГИЛОК.

Што значи ова за граѓаните на Неготино?
Пријавување на проблеми и идеи за решенија со само неколку клика
Едноставна интеракција со општината преку мобилен или компјутер
Пристап до е-услуги (како субвенции, барања, информации)
Учество во јавни консултации за стратешки прашања преку анкети
Општинските претставници дадоа силна поддршка за практична примена на мЗаедница како алатка за директна комуникација, отчетност и зголемена доверба.

мЗаедница претставува целосна платформа за активно граѓанско учество и социјални иновации. Нашата заедничка цел со општината е да поттикнеме активни, свесни и информирани граѓани и со тоа директна и двонасочна комуникација со локална самоуправа што слуша, реагира и создава подобра иднина!

Повикај пријател, симни ја апликацијата и стани дел од новата генерација дигитални граѓани!
Google Play Store: https://goo.gl/Y9qhpE
App Store: https://apple.co/2SbERqJ
Десктоп верзија: www.mzaednica.mk

🎖 Настанот беше организиран од Блинк 42-21, во соработка со #ОпштинаНеготино, во рамки на проектот „(ДИГИЛОК) Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција“, поддржан од Владата на Швајцарија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку #CivicaMobilitas. Партнери во проектот се Metamorphosis Foundation и Rural Coalition – Рурална Коалиција#DIGILOK #CivicaMobilitas

Close Search Window