Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на ЗОО,Правилник за издавање на училиштен простор на ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино,Согласност од градоначалникот за издавање на училишен простор,и Одлука донесена од УО, Комисијата за јавно наддавање објавува

                                                                             ОГЛАС ЗА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на јавното наддавање е издавање  на спортска сала за спортски активности согласно просторните и техничките услови,издавање на  др. простории .
Наддавањето за спортската сала ќе биде по термин .Терминот е во траење од 60 минути.
Почетна цена на наддавањето е 5,5  евра од термин во денарска противредност, во истата е вклучено и користење на две соблекувални.
Наддавањето ќе се одвива во чекори од  0,5 евра .
Наддавањето за др.простории  ќе биде по м2.
Почетна цена согласно Одлуката на УО за утврдување на ценовникот за издавање на училишната кујна  и др.простории е 75 ден. по м2 во кои се вклучени и трошоците за покривање на  ел.енергија и комуналии)
Наддавањето ќе се одвива во чекори од  0,5 евра .

Право на учество во делот на издавање на спортска сала и др.простории има секое регистрирано правно лице ,кое ќе приложи доказ –Извод од Ценралниот регистар или физичко лице.
Наддавањето ќе се спроведува на тој начин што за спорската сала терминот го добива оној кој понудил највисока цена на третиот повик ,и ако по третиот повик во рок од 3 минути не се јави никој.
Наддавањето ќе се спроведи и ако има само еден учесник кој понудил  по утвредената цена и повеќе од минималната почетна цена.
Додека пак наддавањето за  др.простории  ќе се спроведува на тој начин што добива оној кој понудил највисока цена на третиот повик ,и ако по третиот повик во рок од 3 минути не се јави никој.
Наддавањето ќе се спроведи и ако има само еден учесник кој понудил  по утврдената  цена и повеќе од минималната почетна цена.
Со најповолните понудувачи ќе се склучи договор во рок од 3 дена.
Јавното наддавање ќе се одржи на ден 13.09.2017 год. во 13,00 часот во просториите на училиштето.
Огласот трае 5 дена од денот на неговото објавување во јавните гласила.

                                                                                  Комисија за јавно наддавање
                                                                                ООУ„Страшо Пинџур“-Неготино
                                                                                      Тел/конт:043/361-900

Close Search Window