Општина Неготино интензивно се подготвува за реализацијата на големата еколошка акција „ Генералка викенд “ која ќе се спроведе на повеќе локации на територијата на нашата општина во периодот од 9-ти мај (петок) до 11-ти мај (недела).
Се очекува во акцијата покрај вработените во општина Неготино, ЈП Комуналец, основните и средното училиште и други институции и установи кои имаат пројавено интерес за учество во истата и давање сопствен придонес за здрава и чиста животна средина, да се вклучат и заинтересирани поединци, граѓани, здруженија, спортски клубови, друштва и други да бидат дел од оваа голема еколошка акција со чија реализација сите заедно ќе имаме можност да дадеме придонес за позелена, поубава и почиста општина Неготино.
Според изготвените план и програма за изготвување на активностите од страна на стручните служби при локалната самоуправа, предвидено е расчистување на десеттина локации на територијата на општина Неготино. Сите заинтересирани за вклучување во големата еколошка акција за утврдување на локацијата каде што би ги реализирале активностите можат да го контактираат одговорното лице од општина Неготино Маја Јаневска на тел. број 071-219-073.