Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

️Денешниот настан е посветен на доделувањето на 8-мо Ноемвриската награда и признанијата, како чин на почит кон трудот, посветеноста и придонесот на поединци и колективи кои оставиле значаен белег во нашата заедница. Ова доделување претставува продолжување на традицијата и вреднување на резултатите кои го унапредуваат општествениот живот и локалниот развој.

Свесни сме дека изминатиот период беше обележан со изборниот процес и други тековни обврски, кои влијаеја врз временската динамика на одржување на настанот, но по нивното завршување, се создадоа услови истиот да биде доследно реализиран денес.

Со ова доделување, изразуваме признание и благодарност до сите кои со својата работа и одговорен ангажман придонесуваат за развојот и угледот на нашата општина.

Close Search Window