Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Општина Неготино ја продолжи востановената пракса на крајот на учебната година парично да ги награди учениците и нивните ментори за остварени резултати на државни натпревари и тоа од СОУ„Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ и ООМУ „Владимир Арсовски“.
Учениците кои освоиле први места добиваат по 5.000 денари, за второ место 4.000 денари и за освоено трето место паричната награда изнесува 3.000 денари, додека на менторите кои ги подготвувале учениците им се доделуваат по 3.000 денари.
За освоени прво, второ и трето место беа наградени 16 ученици и 9 ментори од СОУ „Св. Кирил и Методиј“, од ООМУ „ Владимир Арсовски“ награди добија 6 ученици и 3 ментори, од ООУ „Гоце Делчев“ парични награди добија 5 ученици и исто толку ментори и од ООУ „Страшо Пинџур“ наградени се 6 ученици и 5 ментори.
Средствата за наградените ученици и ментори се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.
Close Search Window