Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

За достигнувања во областа на добро владеење Општина Неготино ја доби Европската ознака за извонредност на управувањето. Ова признание го доделува Советот на Европа, преку Европската организација за локална демократија АЛДА и со себе го носи престижниот сертификат ElоGe (Еuropean Label of Governance Excellence) што всушност е доказ дека Општина Неготино покажала високо ниво на демократско владеење преку прифаќање на 12-те начела за добро демократско управување усвоени од страна на Советот на Европа. Сертификати за добро демократско управување покрај Општина Неготино добија уште 8 општини од Македонија, 3 од Хрватска и 6 од Косово.

 

Close Search Window