Општина Неготино од денеска, петок, па се до недела, со низа активности за здрава и чиста животна средина се вклучи во најголемата до сега спроведена еколошка акција во Република Македонија „Генералка викенд“ заедно со уште 79 локални самоуправи во земјава.
Акцијата е организирана од страна на „Мен енд Маунтен“ и Национални шуми со поддршка на Министерството за животна средина и Министерството за земјоделие под мотото „ Зелена сончева “ со која за секои 10 килограми собран отпад општината добива по едно дрво.
Според изготвените план и програма за одвивање на активностите од страна на стручните служби при локалната самоуправа, овие три денови (ќе) се работи на расчистување на отпадот од десетина локации на територијата на општина Неготино.
Со вклучувањето во акцијата, сите учесници даваат сопствен придонес за здрава и чиста животна средина, а исто така самата акција е можност заеднички да придонесеме за позелена, почиста и поубава општина Неготино.