На мој предлог како градоначалник на општина Неготино, советниците во Советот на општината на последната седница ја усвоија одлуката за одобрување на еднократна парична помош на лицата со попреченост на подрачјето на нашата општина. Имено, согласно одлуката, ќе се врши исплата на еднократна парична помош во нето паричен износ од 20.000 денари, а исплатата ќе биде со средства од Буџетот на општина Неготино. Помошта ќе им се одобрува на лица кои имаат попреченост во менталниот или телесниот развој, а мерката ги опфаќа категориите на лица со интелектуална попреченост, со пречки во телесниот развој, со аутизам, потполно слепо и потполно глуво лице. Едократната помош ќе се одобрува врз основа на податоци добиени од страна на Министерството за труд и социјална политика – Меѓуопштински центар за социјални работи Неготино.