Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во рамките на проектот Европската недела на спортот (EWoS ) финансиран од Европската Унија (ЕУ), кој Агенција за млади и спорт го спроведува традиционално шеста година по ред, оваа година беше вклучено и општинското основно училиште “Гоце Делчев” од Неготино со спортскиот настан “Атлетски и штафетни игри” во кој учество зедоа учениците од сите паралелки од 5-то одделение.
Главната цел на проектот е креирање на можности и погодна средина која овозможува сите да бидат активни преку спортско-рекреативни активности, особено на локално ниво. Проектот се фокусира на развој на локални активности за повторно воведување на слободната игра на локално ниво за младите во основните училишта..
Во проектот се вклучени 70 училишта во земјата, а се реализира на вкупно 70 различни локации низ државата.
Close Search Window