По пауза од неколку години, Отворенaта забавна фудбалска школа позната како “Open Fun” повторно ќе се организира во Неготино. По 2018 година кога истата за последен пат беше организирана и финансирана од Општина Неготино, оваа година локалната власт повторно направи напори да го организира овој спортски настан во кој се вклучени најмладите, односно децата на возраст од 6 до 12 години.
Инаку, проектот под името “Отворени забавни школи за фудбал – OPEN FUN”, го организира меѓународната организација ЦЦПА (Cross Cultures Project Association) и има за цел преку забавни игри и педагошки забавен фудбал да се стимулира спортскиот дух, другарсвото и градењето на пријателства помеѓу најмладите. Проектот во регионот и пошироко го поддржува УЕФА, како и локалните заедници, учеснички во проектот. Школите за забавен фудбал се организирани од лидери и тренери – волонтери, кои се едуцирани за работа со деца.
Оворената забавна школа за фудбал во нашата општина ќе биде организирана во период од 2 дена, односно на 9 и 10 септември (сабота и недела) а ќе се одржи на градскиот стадион во Неготино со почеток од 9.30 часот наутро во сабота и од 16.30 часот попладне во недела.
Општина Неготино е генерален покровител на школата, односно даде целосна финансиска поддршка на овој настан, притоа потенцирајќи една од зацртаните стратешки определби со програмата за спорт т.е. афирмација на интересот кај најмладите за спортот и спортските активности, притоа земајќи го во предвид комплетниот бенефит на заедницата од промоцијата на овој дел од општествениот живот.