По извршената дегустација на достасаните мостри на бели, црвени и розе вина и на ракии, комисијата составена од стручни лица – енолози од Здружението на енолози на Македонија ги објави официјалните резултати. Според истите, првите три места во 4-те категории ги освоија:
Бело вино:
1.Иле Димов
2.Семејна винарија Димитров
3.Никола Орешков
Црно вино
1.Зоран Марков
2.Никола Орешков
3.Перо Ањовски
Розе вино
1.Данов Влатко
2.Петар Јованов
3.Винарија Цветкова
Ракија:
1.Перица Ристиќ
2.Тасе Илиев
3.Димитар Пончев
Општина Неготино ги информира граѓаните кои имаат доставено мостри за дегустација дека комплетните резултати ќе бидат објавени во петок на 13-ти овој месец и истакнати на влезот на зградата на општина Неготино.


