Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и (,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020)), Секретарот  на општина Неготино  во постапка за унапредување на административен службеник преку Интерен оглас , ја донесе следната

О Д Л У К А

  За избор на административен службеник по пат на интерен оглас

            1.Интерниот оглас бр.03/2023 објавен на ден 20.12.2023 година за унапредување на административни службеници во општинската администрација на општина Неготино со шифра: УПР 01 01 В01 000 и назив на  работно место – Советник за координација на општинските буџетски корисници во Одделението за финансиски работи, Сектор за финансиски прашања,  се избира административниот службеник Дејан Дуровиќ

2.По завршувањето на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за унапредување на избраниот административен службеник.

3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

Агенцијата за администрација по барање на општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.03/2023 година на ден 20.12.2023 година за унапредување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Одделението за финансиски работи, Сектор за финансиски прашања,  со шифра: УПР 01 01 В01 000 и  назив на работно место – Советник за координација на општинските буџетски корисници.

Комисијата за селекција на административен службеник на ден 10.01.2024 година во  11:00 часот спроведе административна селекција по интерен оглас број 03/2023, при што се утврди дека уредно доставени документи за работното место  – Советник за координација на општинските буџетски корисници имаше доставено единствениот кандидат Дејан Дуровиќ. По спроведеното интервју, Комисијата изготви финална ранг листа, врз основа на која Секретарот  на општина Неготино изврши избор  како во дипозитивот на оваа одлука.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право  да поднесе жалба до Агенцијата за администрација Скопје во рок од 8(осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата  на институцијата.

О Д Л У К А За избор на административен службеник по пат на интерен оглас

Close Search Window