Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Институтот за човекови права „Лудвиг Болцман„ – Истражувачка асоцијација (БИМ-ФВ) е основан како дел од Универзитетот во Виена со примарна цел за спроведување независни истражувачки активности во полето на човековите права, обуки и советувања.  

Главен фокус на активностите на БИМ-ФВ во Македонија е спроведување на проектот „Социјална инклузија и човековите права во Македонија„ во согласност со пристапот заснован на човекови права (ПЗЧП). Овој проект се спорведува во тесна соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија (МТСП) и одбраните партнерски општини, а истиот е финансиран од Австриската агенција за развој (АДЦ). Основна цел на проектот е поддршка на пристапот заснован на човековите права во намалувањето на сиромаштијата и социјалната исклученост преку негово спроведување во процесот на креирање на стратегиите за социјална инклузија и социјална заштита на локално, регионално и национално ниво.

За таа цел, беа спроведени неколку обуки за локалните лидерски групи од Неготино, Липково, Берово/Пехчево, Радовиш/Конче и Студеничани/Чашка – составени од претставници на локалната самоуправа, граѓанскиот и деловниот сектор. Важноста на обуките се состоеше во запознавањето на учесниците со меѓународната и национална правна рамка за човекови права во Република Македонија, можностите за  идентификација на социјално ранливите и маргинализирани групи на граѓани, принципот на еднаквост и недискриминација, како и потребата од почитување на прогресивната реализација на човековите права, вклученоста на граѓанското општество и јакнењето на одговорноста на сите нивоа на власта.  

Со цел пак да се акцентираат најчестите проблеми со кои се соочуваат социјално ранливите и маргинализирани групи на граѓани, да се направи преглед на нивните потреби и да се предложат соодветни решенија кои би биле вклучени во стратегиите за социјална инклузија и социјална заштита на локално ниво, беа организирани и неколку фокус групи во секоја од горенаведените општини.

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ  ФОНД ЗА МИКРО–ПРОЕКТИ

Close Search Window