Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници денеска имав пријатна можност да присуствувам во просториите на детската градинка ,, Фемо Кулаков ” и заедно со нашите најмлади сограѓани и воспитниот тим да ја испратиме старата и да и посакаме добредојде на Новата 2024 година. Престојот го искористивме да ја погледнеме новогодишната претстава ,, Дедо Мраз и ирвасите ” подготвена и во изведба на воспитниот тим и дел од дечињата, уживавме во истата и со громогласен аплауз ги наградивме учесниците. На сите 560 дечиња кои престојуваат во трите клона на неготинската градинка и во други просторни услови во Пепелиште, Криволак и Тремник им поделивме новогодишни пакетчиња обезбедени со средства од буџетот на општина Неготино. На сите дечиња и нивните семејства, како и на раководството и воспитниот кадар од градинката им ја честитав Новата година со желби за многу здравје, среќа и радост.

Close Search Window