Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Општина Неготино преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот „ реконструкција на водоводната мрежа во општина Неготино„.
Имплементацијата на проектот предвидено е да трае 9 месеци.
Проектот предвидува : Реконструкција на 10 водоводни линии во општина Неготино и изградба на нов резервоар. Водоводните линии ќе се реконструираат во град Неготино,додека новиот резервоар ќе се изгради во населбата Тимјаник. Вкупната должина на која ќе се реконструираат водоводните линии изнесува 3,903,00 метри.Реконструкцијата на постоечките водоводни линии ќе се врши со замена на старите азбест цементни цевки со нови полиетиленски цевки со различна должина и дијаметар со притисок од 10 бари.
Локацијата на водоводните цевки е по должината на 10 улици во градот Неготино.Новите ПВЦ цевки ќе бидат поставени во ровови 0.8m ширина и длабочина 2м. На дното на секој ров ќе биде поставен песок во висина од 10 см , проектот предвидува и изградба на шахти за воздушни вентили ,отпусни вентили, и хидранти за пожар.

Подетални информации околу самиот под-проект се презентирани во Проектниот докумет кој во електронска форма може да го пронајдете на следниов линк Проектен документ или пак директно може да го  контактирате  лицето Зоран Лазов-070/306-633 zoran.lazov@negotino.gov.mk

Close Search Window