Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Денеска во просториите на Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа потпишав договор за реализација на 2 проекти на подрачјето на општина Неготино.

Првиот е проект за развој на селата: Подобрување на инфраструктурата во с. Пепелиште со кој ќе се изврши асфалтирање на улица во селото во должина од 310 метри. Вкупната вредност на проектот е 4.768.050 денари од кои Бирото за регионален развој обезбедува 2.000.000 денари (42%) и кофинансирање од општина Неготино од 2.768.050 денари (58%).

Вториот проект се однесува за развој на урбани подрачја: Реконструкција на фекална и атмосферска канализација во Неготино на потегот од улица Марксова до Здравствен дом Неготино. Вкупната вредност на проектот изнесува 2.677.418 денари и истите се целосно обезбедени од Бирото за регионален развој. Реконструкцијата на фекалната мрежа ќе биде во должина од 382 метри, а на атмосферската во должина од 152 метри.

Close Search Window