Градоначалникот на општина Неготино, денес 30.07.2019 го потпиша Договорот за реализација на компонентата,, Интервенции за енергетска ефикасност во општинската зграда на општина Неготино” преку замена на постоечки прозорци и врати со енергетски ефикасни, замена на постоечко осветлување со ЛЕД светилки, поставување на внатрешна изолација на фасадните зидови и замена на постоечки радијатори со нови, за 15 простории и холови на локалната самоуправа .Ова се активности за подобрување на енергетската ефикасност во рамките на проектот,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина” ЕНПОЛ- ЕЕ, од програмата за прекугранична соработка со Грција ,,Interreg-IPA CBC CCI 2014 TC 1615CB 009 за периодот 2014-2020 година каде општина Неготино е партнер 2 во проектот.
Изведувач на работите е градежната компанија ,,Анол Импекс “ од Скопје и според потпишаниот договор, времетраењето на градежните работи е планирано за период од 3 месеци.Согласно Договорот вредноста на оваа компонента за подобрување на енергетската ефикасност во општинската зграда изнесува 34.410 Евра без ДДВ, додека севкупната вредност на проектот ЕНПОЛ- ЕЕ е 315.979 Евра. Овие средства се 85 проценти проценти обезбедени од Европската Унија и 15 проценти национално кофинансирање.