Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Претставници на добротворната фондацијата (TX) ТИЕКС престојуваа во општина Неготино. Нивниот престој започна со посета на локалната самоуправа и одржување средба на која беше прецизирана конечната верзија на Меморандумот за јавно приватно партнерство, чиј краен корисник е неготинското средно училиште „Св. Кирил и Методиј“. Партнерите на овој меморандум одлучија да соработуваат во областа на реновирање и подбрување на главната зграда на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во Неготино, особено во делот на извршување поправки и изолација на централниот покрив на училиштето, галериските прозорци и поправка на sидови. За оваа намена, со потпишувањето на меморандумот, обезбедени се средства во висина од 109.240 евра кои ќе бидат употребени за изведување на предвидените работи.

Close Search Window