Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со огромно задоволство го потпишав Меморандумот за соработка помеѓу Општина Неготино и Доброволното противпожарно друштво (ДПД) „Повардарец“ од Неготино.
Овој документ е потврда на нашата заедничка заложба за унапредување на безбедноста на сите граѓани и заштита на животната средина.

Преку ова партнерство се обврзуваме на:
• Заеднички проекти за поголема противпожарна заштита на територијата на општината.
• Едукација и тренинзи за превенција од пожари.
• Модернизација и воведување нови технологии во работата на доброволните пожарникари.
• Подигнување на јавната свест кај граѓаните за заштита на природата.

Нашите доброволни пожарникари се вистински херои и симбол на солидарност. Општина Неготино продолжува да биде заедница на совесни граѓани кои градат хармонија помеѓу човекот и природата.

Close Search Window