ПРОЕКТ ,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,
,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или ,, “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy” со акроним, ENPOL-EE,,
Јаница, Декември28 и 29 ,2018
На 28 и 29 Декември 2018 година проектниот тим од општина Неготино и од СОУ,,Св Кирил и Методиј,,Неготино заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков,присутвуваа на дводневна работна посета во општина Пела-во местото Јаница .Ова е прва воведна средба на која сите проектни партнери меѓусебно се сретнаа и го формираа Управувачкиот Комитет .На средбата се договорија за проектните активности што како обврски следуваат за сите 4 проектни партнери.Беа договорени официјалните алатки за комуникација за проектот,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,.Се утврдија сите превземени досегашни активности во правец на развој на проектот, а посебен акцент беше ставен на заедничките активности кои всушност ја одразуваат и прекуграничната соработка.Се подготви сет од активности за следните 3 месеци, а беа договорени и сите менаџмент процедури кои е потребно да ги следат проектните партнери.На средбата градоначалниците на двете општини г-дин Тони Делков и г-дин Григорис Стамкос остварија посебна посета, на која беа разменети информации за двете општините, а воедно беа договорени и потребните процедури околку потребното кофинансирање од 20% кое Водечкиот партнер –општина Пела во следните денови треба да го изврши кон општина Неготино и кон Св,;Кирил и Методиј,,Неготино, со што ќе може реално да се спроведуваат и да се покриваат трошоците за дел од планираните проектни активности.