Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

По пауза од 2 години кога поради ковид пандемијата новогодишните концерти се презентираа онлајн преку социјалните медиуми, синоќа во преполнатата кино сала на Центарот за култура Ацо Ѓорчев на радост на сите присутни се одржа новогодишниот концерт на ОМУ Владимир Арсовски од Неготино.
Ова беше убава можност во живо да се проследат музичките нумери со новогодишна и друга тематика на задоволство на посетителите кои уживаа во изведбите и со аплаузи ги наградуваа изведувачите. На крајот на сите учесници во новогодишниот концерт им беа поделени новогодишни пакетчиња.
Close Search Window