На приемот, од страна на мојот соговорник бев информиран за неговите извонредни постигнувања на домашни и меѓународни натпреварувања во боди билдинг што придонесе да го заземе првото место на светската ранг листа на официјалната федерација ИФББ. Јанев ме запозна дека на Дијамантскиот куп во Чачак во боди билдинг и фитнес од интернационален карактер со учество на над 200 натпреварувачи го освоил првото место во класик фитнес и прво место до 90 кг. а станал и апсолутен победник на Дијамантскиот куп и добитник на про-карта, т.е. квалификување за натпреварување на професионално ниво. На Интернационалниот куп на Србија е освојувач на првото место во катергорија до 90 кг. и е апсолутен победник, на државното првенство на Македонија Јанев го освојува првото место во класик фитнес и станува државен првак, додека на Балканскиот шампионат со учество на над 150 натпреварувачи Херкулес гран при го освојува првото место, станува апсолутен победник и добива про-карта. Особено значаен е неговиот успех на Европското првенство во класик фитнес каде што во конкуренција на над 3.000 натпреварувачи до 180 см. го освојува првото место и станува европски првак, додека на истото Европско првенство во боди билдинг класик до 180 см. го освојува второто место. Од мое лично име како градоначалник и од име на општина Неготино на Ивица Јанев му честитав на извонредните постигнувања на домашен и меѓународен план со што покрај за негова лична, придонесува и за афирмација на општина Неготино, а воедно ја искажав мојата и подготвеноста на општина Неготино за негова поддршка за идните натпреварувања.