Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Со координирана активност помеѓу општина Неготино и ЈП Комуналец чии работници на терен со механизација и работна рака ги изведоа работите, пробиен е пат во атарот на село Криволак кој води до земјоделските површини. Станува збор за пат кој поради пукање на цевка и неконтролирано истекување на вода долго време беше запустен, а со неговото пробивање и ставање во функција тамошните земјоделци ќе можат многу полесно и побрзо да стигнат до своите површини бидејќи се елиминира потребата да патуваат цели 3 километри како што беше случај досега. Исто така, по санирање на дефектот и набавка на ново црево од страна на општина Неготино ќе се обезбедат доволни количини вода за трите селски чешми.

Close Search Window