Општина Неготино ја објави програмата за одбележување на верскиот празник „Св. Трифун“ за оваа година која ќе трае 3 денови – понеделник 12.02. среда 14.02 и сабота 17.02.2024 година. Активностите започнуваат со натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители во понеделник на 12.02, централниот настан ќе се одржи во среда на 14.02. на градскиот плоштад во Неготино и во сабота на 17.02. во Д.дисан ќе се одржи треил трка за вино и љубов.
Од мое лично име како градоначалник на општина Неготино, Советот на општината и локалната самоуправа упатувам јавна покана до сите граѓани од општината и пошироко да присуствуваат на предвидените настани и заеднички да го чествуваме заштитникот на лозарите и винарите Свети Трифун.