На ден 13.02.2025г (четврток) во просториите на општина Неготино ( сала на Совет на општина Неготино ) со почеток од 14 часот ќе се одржи јавна расправа за реконструкција на тротоарот на улица „Маршал Тито“ од Либерта до ПС Неготино во двата правци. Темата на јавната расправа ќе биде отстранување на дрвјата од постоечкиот дрворед на самата улица во двата правци.