Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Општина Неготино деновиве беше домаќин на работната средба на тема „Важноста од постоењето на Регионалниот советувалиштен центар-женски центар Кавадарци“ која ја организираше Општинскиот совет за социјална заштита на општина Неготино на иницијатива и предлог на Женскиот центар за поддршка Визија од Кавадарци. Средбата имаше за цел запознавање на присутните со досегашната работа на Центарот и преку поставување на прашања и давање на сугестии да придонесат за унапредување на работењето за потребите на жените од општина Неготино. На средбата, во проширен состав, беа презентирани резултатите од важноста на постоењето и работата на советувалиштиниот центар, при што сите присутни чинители беа согласни и со поддршка околу нужноста и важноста и континуираното работење на Центарот. Се дискутираше и за преземањето понатамошни активности и превентивни дејности со поширока актуелизација со цел за давање навремена помош на жртвите на семејно насилство.

 

Close Search Window