Со средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино во вредност од 2.298.881 денари финишираат работите за асфалтирање на крак на ул„ЈНА“ во Неготино, а по предходно поставување на водоводна, атмосферска и фекална мрежа. Од вкупните средства, 787.779 се предвидени за асфалтирање на улицата, а 1.511.102 денари за поставувањето на водоводна мрежа во должина од 44 метри, фекална од 56 метри и атмосферска мрежа во должина од 68 метри. Станува збор за асфалтирање на улица во должина од 40 метри и ширина од 5,5 метри, а проектот е изработен од Инком инженеринг.