Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Од денеска на терен се започна со градежни активности за крпење на ударни дупки на над 10 улици во градот, меѓу кои и главните Маршал Тито и Партизанска, како и други кај кои се констатирани оштетувања и е потребна санација. Со санацијата се врши крпење на ударни дупки, вдлабнатини, пукнатини и други оштетувања на коловозот со замена на коловозната покривка ( засторот ) на места каде што истиот е оштетен, како и замена на горниот слој на места каде што улиците се оштетени. Се апелира до моторизираните граѓани и пешаците на внимателно движење за време одвивањето на градежните работи за крпење на ударните дупки на улици во Неготино.

Close Search Window