Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Работници на градежното претпријатие Градба промет кое ги изведуваше градежните работи завршија со санацијата на улицата Ставре Ставрев во должина од над 70 метри и ширина во рамките на постоечката улица.

Согласно проектот, се изврши вадење на стариот и оштетен бетон, се изведе комплетна реконструкција на подземната инсталација – водоводна, фекална и атмосферска мрежа, по што се пристапи кон повторно бетонирање на улицата. Исто така, се изврши и реконструкција на постоечките скали на оваа улица.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на општина Неготино, а надзорот на работите го вршеше фирмата МБМ архитекти.

Close Search Window