Како една од последните активности реализирани во тековнава 2025 година беше расчистувањето од отпад и паднато зеленило на потегот Мали кеј во нашиот град. Акцијата беше спроведена од работници на ЈП Комуналец кои извршија темелно уредување на целиот простор околу Мали кеј во Неготино. Одговорните информираат дека грижата за оваа заедничка вредност не завршува со оваа активност, туку ќе продолжи и во иднина, а се упатува апел до сите граѓани да се чува она што веќе е изградено. Ова од причина што изгледот на нашиот град е огледало на нашето однесување, а сите заедно да дадеме придонес за почиста и поубава општина.



