Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во рамките на активностите од ,, Неделата на виното ” по повод празнувањето на Св. Трифун градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева ја отвори традиционалната изложба на ЗГ ,, Стари занаети ” со демонстрација на изработки и да го проследам ликовното изразување Св. Трифун на ученици од ООУ ,, Гоце Делчев “.

На изложбата на Здружението на граѓани ,, Стари занаети ” членовите се претставија со повеќе сопствени дела со кои го претставија копаничарството како древна македонска уметност со творби во форма на скулптури, резби и копаници. Сите присутни имааа убава можност да ги разгледаат и да уживаат во делата изработени од вредните раце на неготинските копаничари.

Исто така, се одржа и настан на кој присутните имаа можност да го проследат ликовното изразување по повод празникот Св. Трифун на ученици од ООУ ,, Гоце Делчев ” под менторство на наставничката Ѓурѓица Андонова. Во знак на благодарност за нивниот ангажман и придонес во одбележувањето на Св. Трифун на учениците и наставничката градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева им врачи благодарници од општина Неготино.

Close Search Window