Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во рамките на активностите од Неделата на виното организирана по повод празникот на лозарите и винарите Св. Трифун се одржа настанот Мастер клас на кој меѓу другото излагање пред присутните имаше м-р Игне Тасев – дипломиран технолог.

Тасев ги информираше учесниците за начинот на производство на квалитетни вина, културата на консумирање на ,, пијалакот на боговите “, како да се избере квалитетно вино, со каква храна какво вино е најадекватно за пиење или накратко сподели голем број сопствени искуства кога е во прашање производство и консумирањето на вината.

Close Search Window