Под мотото ,, Стартувај, уживај, радувај се. Во тебе е клучот! ” со учество на голем број натпреварувачи во атарот на селото Горни Дисан се одржа Трејл трка за вино и љубов која покрај натпреварувачкиот карактер, има за цел и промоција на винскиот крај на Г. Дисан и на општина Неготино.
Локација за старт и финиш беше Планинарскиот дом во Г. Дисан со должина на патеката од 7 километри и со 2 окрепителни станици.
Самата трка претставува малку натпревар, малку уживање, а по пристигнувањето на целта секој учесник добиваше соодветен подарок и му беше овозможено уживање со дегустација на вино, храна и локални производи.
Настанот беше финансиски поддржан и од општина Неготино.


