Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во спортската сала на неготинското средно училиште петти пат по ред се одржа меморијалниот турнир во ракомет во чест на Илија Ѓорѓиев- поранешен ракометар и човек кој беше прогласен за спортски работник на 20-иот век на општина Неготино. Под негово водство, РК Повардарие ги оствари најголемите успеси, а врв на се беше учеството во Европските купови каде неготинските ракометари ја претставуваа Македонија. Оваа година турнирот немаше натпреварувачки карактер, но затоа се одиграа два ревијални натпревари помеѓу пионерите на ГРК Вардар Неготино и ГРК Партизан Гевгелија, како и помеѓу сениорите на ГРК Вардар и ветераните на РК Повардарие. Во мое отсуство поради службени обврски, турнирот за отворен го прогласи Александар Гичевски- заменик градоначалник и советник во Советот на општина Неготино. На сите учесници од страна на организаторот им беа доделени благодарници.

Close Search Window