Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваа и зедоа активно учество во реализацијата на акцијата „Боренка“ за пошумување на опожареното подрачје „Гоцева шума“ на територијата на општина Неготино.

Оваа Национална волонтерска иницијатива организирана од Сојузот на извидници го одбележа 5-ти декември – Светскиот ден на волонтерите и покажа колку може да се постигне кога институцииите и граѓанскиот сектор соработуваат заедно.

Градоначалничката Нацева упати јавна благодарност до сите волонтери и учесници во акцијата потенцирајќи дека со секое засадено дрво се гради поздрава и поодржлива животна средина и околина на подрачјето на општина Неготино.

Close Search Window