Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На ден 24.06.2023 година во Апицентарот на Пчеларското здружение,,Неготински мед,,-Неготино лоциран во с.Вешје се одржа еднодневна работилница во склоп на проектот,,Современо произведување на пчелни матици,при што на едукацијата зедоа учество 15 пчелари,Производството на пчелни матици е битен фактор за силно пчелно семејство,а да биде такво неопходно е да има млада,квалитетна и продуктивна матица која во себе ги има најквалитетните генетски особености.Изучувањето на техниките се одвиваше преку теоретски и практичен дел,додека едукатори беа реномираните пчелари дипл.инг Бранко Соколов и дипл.инг Благоја Долгоски од Скопје.

Close Search Window