Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Општина Неготино ја известува заинтересираната јавност дека е доставен Извештај за Стратегиска оцена на животната средина на Локалната урбанистичка планска документација за лесна индустрија- Г2 на КП 1555 м.в.,,Мостиште,КО Пепелиште -Општина Неготино со тех.бр.27/2013 од април 2013, која е достапна за увид од 27.07.2013 година до 27.08.2013 година во просториите на Општина Неготино,ул.,,Ацо –Аџи  Илов,,2, секој работен ден од 08,00 до 16,00 часот.
По увидот, заинтересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата во писмена форма до одговорните лица за контакт во Општина Неготино до 27.08.2013 година.

Во Општина Неготино,може да го најдете Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на Локалната урбанистичка планска документација за лесна индустрија –Г2 на КП 1555 м.в.,,Мостиште,КО Пепелиште – Општина Неготино со тех.бр.27/2013 год. од април 2013 год. исто така и на општинската web страна www.negotino.gov.mk

На 15.08.2013 година ќе се одржи јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина во просториите на Општина Неготино во 13 часот.

 
Контакт лице:
Лилјана Нечева
Општина Неготино
Ул.Ацо-Аџи Илов 2 1440  Неготино
Тел.043/361 045 лок.208
 
Close Search Window