Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Се известуваат сите жители на општина Неготино, дека се организира Јавна презентација и Јавна расправа по однос на Студијата за Изводливост на основен проект  ,, Реконструкција/ Изградба на Водоводни линии за 15 улици во општина Неготино и тоа : ,,Едвард Kардељ”; „Душан Јуруков“, ,,Душан Преграц”;  ,,Димче Мирчев”;  ,,Васка Калајџијска”;  ,,Киро Крстев”;  ,,Ленинова”; ,,Питу Гули”;  ,,Никола Петров”;  ,,Ставре Ставрев”;  ,,Ацо Аџи Илов”; ,,29 Ноември”;  ,,12 Ваташки деца’’; ,,Ило Виларов”; ,,Eнгелсова’’ како и Изградба на нов Резарвоар за водоснабдување во општина Неготино.По тој  повод, се покануваат жителите на општина Неготино да присуствуваат и дадат свој допринос во однос на Јавната расправа по однос на проектот.
Јавната презентација и Јавната расправа,  ќе се организира во големата сала на Општина Неготино во Неготино на ден   26.06.2014 г. (Четврток)  со почеток во 10 часот.

Close Search Window