Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Почитувани сограѓани,

Во текот на вчерашниот ден 03.01.2024 и денес 04.01.2024 во просториите на општина Неготино се оддржаа два координативни состаноци на тема: Состојбата со „АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО„ на територијата на општина Неготино.

На состаноците присуствуваа: Градоначалникот на општина Неготино, претставници на општинската администрација од одделението за урбанизам и заштита на  животната средина, претставници на советот на општина Неготино од сите политичи партии, претставник од ЈП Комуналец Неготино, претставник на еколошкото здружение “ЕКО ВИТА“ Неготино и претставник на планинарското друштво “ФРИ ХАЈКЕРС“ од Неготино.

На состаноците се дискутираше за состојбите со квалитетот на амбиенталниот воздух на територијата на општина Неготино.

Од страна на претставникот на „ЕКО ВИТА“ беа доставени податоци на резултати од  мерната индикаторска станица поставена од нивна страна, на која се следи 24 часовно загадувањето со ПМ 10 честиките. Од доставените резултати беше констатирано дека во периодот од 16:00 до 23:00 часот се јавува значително зголемување на концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот кој доаѓа и до 500 мг/м3 што е за десет пати над дозволеното. Во останатиот периот од денот состојбата со концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот е стабилна.

Како основен извор на загадување и појава на овој пик од 16:00 до 23:00 часот е загревањето на домаќинствата, но се претпоставува и дека има горење на пластика, гума текстил и останати недозволени материјали, бидејќи во овој период се чуствува и непријатна миризба која што не е карактеристична за согорувањето на огревните дрва.

Од состаноците беа донесени и следниве заклучоци:

Да се формираат тимови на Моја патрола придружувани од страна на советниците, претставници на општината и останати активисти и волонтери кој ќе патролираат по градот во периот од 16:00 до 23:00 часот и да се детектираат несовесните согорувачи на недизволени материјали за загревање на домаќинствата.

Апел до сите сограѓани доколку забележите несовесно согорување на отпадни материјали веднаш пријавете на тел:043/361-045, 070/208-279 и 072/218-261

Доколку се докаже дека некој домаќинства за загревање користат материјали кој се забранети за согорување веднаш да се покрене соодветна прекршочна или кривична постапка, пред надлежните органи.

Апел до граѓаните на општина Неготино да избегнуваат престој и надворешни активности во периодот од 16:00 до 23:00 часот

За информација за состојбата со квалитетот на воздухот на територијата на општина Неготино може да се користи апликацијата МОЈ ВОЗДУХ на следниот линк.

https://mojvozduh.eu/web/?fbclid=IwAR1EIyQ0DXpK801ZKBklDjV0sv_N4aOgDIFNmqO6qHT0udZhQCXUeW_XQsI#draw?station=70825Luftdaten&pollutant=AQI&country=mk&selectedStationType=1&language=mk

Во најбрз можен период да се постават уште неколку индикативни мерни станици на повеќе локации во градот и населените места.

Close Search Window