Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Јавен увид и јавна расправа на Нацрт Извештај за Стратегиска оцена на животната средина на ДУП  за Урбана индустриска заедница 8,измена и дополна – Општина Неготино  која e достапна за увид од  07.03.2016 година до  07.04.2016 година во просториите на oпштина  Неготино ул.”Ацо-Аџи Илов” бр.2, 3-кат, канцеларија бр.31  секој работен ден од  08,00 до 16,00 часот.
    На  01.04.2016 година (петок) ќе се одржи јавна расправа по Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на ДУП  за Урбана индустриска заедница 8, измена и дополна – Општина Неготино во просториите на Општина Неготино во  13 часот .
По увидот, заинтересираните граѓани, невладини и други организации  можат да ги достават своите забелешки и сугестии  по однос на  Нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на ДУП  за Урбана индустриска заедница 8, измена и дополна – Општина Неготино во писмена форма до одговорните лица за контакт во општина Неготино  во рок од 30 дена од денот на објавување.  
    Извештајот од јавната расправа ќе биде објавен на веб страната на општина Неготино.

Контакт лице :
Митко Толовски
Општина  Неготино
Ул. “Ацо Аџи Илов ” бр.2, 1440 Неготино
Тел 043/361 045 076/212-094

Close Search Window