Градоначалникот на Општина Неготино Објавува Барање за добивање на Б –интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 135 и 136 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 44/15), до Градоначалникот на Општина Неготино доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола (број 11-522/1 од 13.12.2016).
Подносител на барањето:
ДПТУ „Вардар Песок“ ДОО Црвени Брегови Неготино
Адреса:
с.Црвени Брегови Неготино
Локација на инсталацијата:
с.Црвени Брегови Општина Неготино
Контакт лице:
Јовица Ламбев – Управител
Тел/фах :075/665-108
Категорија на инсталацијата:
Сепарациона постројка.
Вид активности:
Инсталација за ископ и сепарирање на минерални суровини (песок и чакал).
Целокупната документација содржана во барањето и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност од 23.12.2016 до 23.01.2017 година во просториите на Општина Неготино ул. ,,Ацо Аџи Илов“ бр.2 1440 Неготино, секој работен ден од 08-16 часот 3-кат, канцеларија бр.31. Контакт телефон 043/361 – 045, 076/212-094.