Врз основа на одредбите на Член 46 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија, број 32/20), Градоначалникот на Општина Неготино го дава следново
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат граѓаните и правните лица на територијата на Општина Неготино дека се распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на заинтересирани лица за членување во
Партиципативното тело на Општина Неготино од областа на урбанизмот
Се повикуваат сите заинтересирани лица, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на Општина Неготино што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на урбаното и руралното подрачје на Општината, да се пријават за членови на Партиципативното тело на Општина Неготино од областа на урбанизмот.
Јавниот повик е распишан за периодот од 16.09.2020 до 16.10.2020.
Пријавите да се достават до архивата на Општина Неготино во определениот рок. Истите треба да содржат контакт информации (име и презиме, адреса и контакт телефон), како и кратко образложение за начинот на кој заинтересираното лице смета дека ќе придонесе во работата на Партиципативното тело.
Лицата чии што пријави ќе бидат прифатени, ќе бидат назначени за членови на Партиципативното тело и за истото ќе бидат известени во писмена форма.
Цел на Партиципативното тело е обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање. Партиципативното тело ќе ги претставува сите различни интереси и интересни групи во Општина Неготино и ќе ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ќе ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ќе ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија. Партиципативното тело ќе заседава најмалку еднаш на 2 (два) месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови.
Работата на партиципативното тело е јавна.
Учеството во Партиципативното тело е на доброволна основа.