Во работна посета на општина Неготино престојуваше Н.Е. амбасадорот на Јапонија во Македонија г-дин Казуја Оцука со кого остварив средба на која разговаравме на повеќе теми. Во изминатиот период јапонската амбасада преку донација има дадено придонес во реализација на проект во нашата општина, а се надевам дека со взаемна соработка и во иднина ќе се реализираат и други проекти од интерес на граѓаните.
Во Музејот на Неготино по повод 30 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Македонија беше отворена изложба организирана од амбасадата на Јапонија на која љубителите на уметноста имаа можност да погледнат околу 30 реплики на дрворези од големите јапонски мајстори за дрворези УКИЈО-Е од 17-иот и 18-иот век.
Во рамките на изложбата беше организирана и работилница за ученици од општина Неготино на која учествуваа 10-тина ученици од основните и средното училиште и кои со своите творби ќе учествуваат на завршната изложба заедно со своите врсници од повеќе градови од Македонија.