Заедно со министерот за спорт Борко Ристовски присуствувавме на ставањето во функција на реконструираното фудбалско игралиште во населбата Саат кула. Неготино е првата општина во Република Македонија од вкупно 15 општини во кои е предвидена реконструкција на игралишта, а со денешното пуштање во употреба и прва општина во која проектот е завршен.
Работите на терен се однесуваа на поставување вештачка трева на игралиштето со димензии 42 на 24 метри според сите пропишани стандарди, со што на истото фудбал ќе може да се игра во сите 4 годишни времиња, а поставени рефлектори овозможуваат спортување и во ноќните часови.
Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Министерството за спорт и логистика од општина Неготино и со истиот се создаваат услови за спортување на младите, но и сите љубители на спортот.
Заедно со младите фудбалери на ГФК Неготино и јас и министерот Ристовски ја искористивме можноста заедно да играме фудбал на новата подлога.