Синоќа неготинската публика до последно место ја исполни кино-салата на Националната установа Центар за култура „ Ацо Ѓорчев“ воНеготино. Повод за посетеноста беше настанот што во овој летен период го организираше и финансираше општина Неготино, а самата масовност е доказ дека населението е желно за културни настани. Со цел што е можно повеќе луѓе да ја проследат стенд-ап комедијата, општина Неготино реши влезот за сите заинтересирани да биде бесплатен и секој што сака да ја погледне претставата.
Пред присутните свој стенд-ап настап имаше познатиот и популарен македонски артист Бојан Велевски кој во целост ги оправда очекувањата на публиката создавајќи релаксирана атмосфера исполнета со многу забава и смеа.