Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 10МW на дел од КП бр. 264/5, КО Дуброво, општина Неготино
Границите на проектниот опфат се:
-На југ КП 331, КО Дуброво;
-На запад со КП 264/10, КО Дуброво;
-На исток со КП 263/1, КО Дуброво;
-На север Регионален пат Р 2137
Површина на проектниот опфат во рамки на опишаните граници изнесува 90772 м2 или 9.07 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 27.12.2024 до 10.01.2025 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.