Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2025 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план на Г.П.1.02 за изградба на комплекс со намена Г4 – згради за индустриски сервиси, резервоари, силоси и складишта, со поединечна намена Г4.5 градби за чување и складирање енергија на дел од КП 445/1, КП 428/4, КП 428/13, КП 428/12, КП 428/10, КП 428/11, КП 428/3, КП 441, КП 440, КП 442, КП 431/3, КП 429/4, КП 438(цела), КП 439, КП 429/3 за КО Дуброво, општина Неготино
Границите на планскиот опфат се дадени описно по границите на парцели:
– северо – исток границата на опфатот е со КП 483/2,
– северо – западна страна опфатото ги сечи следните катастарски парцели КП 428/12, КП 428/13, КП 428/4, КП 429/4 и КП 445/1,
– југо – западна страна границата на опфатот ги сече КП 431/3, КП 444, КП 443, КП 440 и КП 439
– и на крај границата се затвара од југо-источна страна така да се движи по следните парцели КП 436, КП 437 и ги сече КП 428/3, КП 428/11 и КП 428/10.
граници изнесува 73 354,4 м2.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 25.03.2025 до 08.04.2025 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.
kor.УП ГП 1.02 0 2025 (2).NK.1_compressed