Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2025 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.1- сообраќајни патни инфраструктури (некатегоризиран пат) и Е1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија (20(33)КВ кабли) во КО Неготино- општина Неготино
Проектниот опфат почнува од КП 4200, КО Неготино (дпнз) продолжува на североисток и потоа се дели на два пата. Едниот пат оди кон североисток додека другиот кон југоисток.
Планираните некатегоризирани патишта се граничат со планскиот опфат и градежните парцели од планскиот опфат на постапка во тек за Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за уредување на земјиште со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани над 10 MW на дел од КП 3038/1,дел од КП 3099/1 и дел од КП 3135/1, КО Неготино – општина Неготино.
Апроксимативна површина на проектен опфат е 3,28ха.
Апроксимативна должина на некатегоризираните патишта е 3.6km.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 31.10.2025 до 14.11.2025 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.
 
								 
								 
															 
															 
								 
								 
                
            
    
